Перез: Доколку нема Суперлига нема да има ниту фудбал, се борев за Зидан да остане

Реал Мадрид одигра сезона за заборав во која клубот остана без трофеј, а по завршувањето следеше и разделување со тренерот и долгогодишниот капитен. Притоа имаше и неуспешен обид за формирање на Суперлигата па „кралскиот клуб“ сака сезоната 2020/21 што побрзо сака да ја „заборави“ во архивите.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез во интервју за шпанскиот медиум ‘El Tranzistor’ се освна на случувањата во текот на сезоната, а за сонот наречен Суперлига вели дека сеуште живее и е неизбежен.

„Постои обврзувачки договор и Суперлигата ќе продолжи. Тие нам ни претат за да ја заштитат својата доминатна позиција и англиските клубови подлегнаа под притисок. Сега ја чекаме одлуката на судот во Луксембург. Суперлигата не е затворена, напротив, Севилја и Вилјареал ќе имаат свое место во неа. Започнуваме од историјата која ја имаат тимови. Мора да започнете со оние клубови кои имаат најмногу навивачи. Натпреварите на Рома не привлекуваат толкаво внимание како меч на Јунајтед. Губиме осум милијарди, а Чеферин ја зголемува платата. Постојат луѓе кои имаат привилегии и сакаат да продолжат да ги имаат. Се губи интересот за фудбал, нема атрактивност. Пропаѓаат аудиовизуелните права и во тоа е проблемот. Доколку нема пари, фудбалот ќе умре“, вели Перез.

Притоа Перез се осврна и на заминувањето на Зинедин Зидан, ангажманот на Карло Анчелоти и шпекулациите кои кружеа за тоа кој ќе биде новиот тренер.

„Одлично го познавам Зидан и свесен сум дека пред него беше тешка одлука. Се борев за да остане. Не го прочитав писмото за заминување, се колнам во своите внуци. Кој и да го напишал тоа писмо, тоа не бил Зидан. Му посакувам се најдобро, тој е легенда на Реал и ја има нашата почит за се што направи за клубот. Се воодушевивме од Анчелоти и новото поглавије на клубот. Од самиот почеток мислевме дека Анчелоти ќе биде правото решение и ете тука е. Не разговарав ни со Покетино, ни со Алегри, ниту со Конте“, додава претседателот на Реал Мадрид.

Се вчитува...