Легендарниот Лотар Матеус е збунет од фактот што Џејдон Санчо кој е еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата, доби само шест минути досега на Европското првенство. Во Англија навистина има голем избор на фудбалери во нападот, па затоа фудбалерот на „милионерите“ досега се уште не доби шанса. Најчесто седи на клупата за резерви, а во првите три натпревари на теренот беше само шест минути.
„Во последните две години беше еден од најдобрите фудбалери во Бундеслигата. Ако не ви е доволно добар, ќе му дадеме германски пасош. Цела Германија е во шок, можно ли е еден фудбалер со неговите квалитети да не игра“, изјави Матеус.
Англија во осминафинале ќе игра токму против Германија, а натпреварот е закажан за во вторник во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА