Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, кариерата ќе ја продолжи како дел од стручниот штаб во еден од најслабите германски прволигашки клубови, Кемниц Најнерс, кој минатата сезона ја заврши на 14. место на табелата. По заминувањето од кормилото на МЗТ, по кое „металците“ заиграа далеку подобро и заслужено стигнаа до двојна круна, Кочов не криеше дека приоритет ќе му биде ангажман во странство.
Младиот 36-годишен македонски стратег ќе ја има улогата на помошен тренер во Кемниц, функција на која пристигнува на местото на Американецот Даниел Соколовски, кој тренерската кариера ја продолжи во Словачка како предводник на тимот Луценец.
„Задоволни сме што го доведовме Кочов во клубот, тој беше наш идеален кандидат за функцијата помошен тренер“, објавија од раководството на германскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА