Блесна против Украина и Австрија, одигра едно полувреме против Македонија па сега го бараат европските гиганти

Репрезентативецот на Холандија, Дензел Дамфрис блесна на Европското првенство. Десниот бек беше стрелец на победничкиот гол за својата репрезентација во првиот натпревар на ЕП против Украина, стрелаше и во мечот против Австрија, а одигра и едно полувреме против Македонија.

Со добрите настапи фудбалерот на ПСВ го привлече вниманието на европските гиганти, а полза на 25-годишникот за трансфер од сништата е неговата откупна клаузула која изнесува само 15 милиони евра. За неговиот потпис сега се борат неколку европски гиганти како Баерн Минхен, Барселона и Интер, па јасно е дека ќе ги промени клупските бои, но останува да видиме каде ќе заврши.

Минхенскиот клуб на позицијата десен бек го има младиот Павард, но Французинот не успеа да се наметне во редвоите на баварците па затоа и овој трансфер е интересен за германскиот клуб, меѓутоа многу поизвесно е Холанѓанецот да заврши во редовите на Барселона која поминува низ фаза на подмладување на составот или пак Интер кој се поизвесно е дека ќе остане без услугите на Хакими.

Се вчитува...