Стеф Кари пред портите на „Ел-Еј“? – „Доколку сака да си замине, слободно“

Еден од најдобрите шутери на сите времиња, Стеф Кари влегува во последната година од неговиот договор со Голден Стејт па во јавноста често се споменува негово заминување од Сан Франциско. Како една од следните дестинации се споменува Лос Анџелес Лејкерс каде супер-ѕвездата треба да заигра во тандем со Леброн Џејмс.

Самиот Кари не ја отфрли оваа можност, а и „Кралот“ веќе изрази желба да заигра рамо до рамо со бекот. За шпекулациите сега проговоре и сопственикот на клубот, Џозеф Лакоб кој вели дека доколку Кари сака да замине од Голден Стејт може да го направи тоа.

„Доколку сака да си замине откако ќе му истече договорот може да го направи тоа. Ќе биде слободен играч и тоа тој го заслужи. Истото му го кажав и на Кевин Дурент па и ден денеска сме добри пријатели. Јас сум му благодарен за тоа што го направи за франшизата. Меѓутоа се надевам дека Стеф ќе остане, мислам дека тоа е и неговата желба“, вели Лакоб.

Стеф Кари целата своја кариера ја помина во редовите на Голден Стејт кој го драфтуваше како седми пик на драфтот во 2009 година. Со Голден Стејт Кари освои три шампионски титули, а два пати го добиваше признанието за најкорисен играч.

Се вчитува...