Новиот прволигаш во македонската кошарка, Ангели и официјално го промовираше новото засилување Дамјан Крстевски. Поранешниот младински репрезентативец во редовите на „зелено-белите“ доаѓа од Вардар, а претходно две сезони ги бранеше боите на Работнички.
Крстевски на 22. одиграни средби за „црвено-црните“ претходната сезона бележеше просек од 7.5 поени, 5.7 скока и 1.5 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

