Швајцарците прелетале скоро 12.000 километри, Англичаните ниту еден

Вечерва стартуваат осминафиналните натпревари на Европското фудбалско првенство, а 16 репрезентации го продолжуваат натпреварувањето, но со различни енергетски резерви.

Тоа е од проста причина што некои имаа подобри, а некои многу потешки услови поради долгите патувања од едниот до другиот крај на Европа.

На врвот на листата е Швајцарија која од почетокот на турнирот до осминафиналето прелета дури 11.700 километри. Кампот им беше во Рим, но стартуваа со мечот против Велс во Баку. Потоа играа против Италија во Рим, за да се вратат во престолнината на Азербејџан за мечот против Турција.

Одма зад нив е Шведска која прелета скоро 11.000 километри на релација Гетеборг – Санкт Петерсбург – Севилја.

Најмалку патуваа Англичаните односно не отпатуваа ниту километар бидејќи покрај трите натпревари од групната фаза и осминафиналето против Германија ќе го играат на „Вембли“ во Лондон.

 

Се вчитува...