Познати термините за четвртфиналните дуели во СЕХА лигата

Македонските ракометни клубови, Вардар и Пелистер ги дознаа термините за четвртфиналните дуели во регионалната СЕХА лига. Вардар првиот натпревар против Загреб ќе го игра на 26. август во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, додека реваншот во Хрватска е закажан за 31. истиот месец.

Битолчани на 21. август на домашен терен ќе го пречекаат белорускиот Мешков Брест, додека реваншот е закажан за пет дена подоцна.

СЕХА ЛИГА ЧЕТВРТФИНАЛНИ ПАРОВИ:

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест

Вардар – Загреб

Татран Прешов – Мотор Запорожје

Нексе – Веспрем

Се вчитува...