Кон крајот на минатата недела беше потврден кошаркарскиот трансфер на годината, враќањето на Жељко Обрадовиќ на клупата на Партизан, а денес во 16 часот започна официјалната промоција на најтрофејниот европски тренер.
Прво на присутните им се обрати првиот човек на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, кој на почетокот на своето обраќање им ја честиташе на женската кошаркарска репрезентација на Србија освоената титула европски првак.
Кога станува збор за доаѓањето на Обрадовиќ, Мијаиловиќ истакна дека сите удари што ги претрпеа минатата сезона сега се исплатија „кога ќе види кој денес седи покрај него“.
„Од денес ништо нема да биде исто во српската кошарка“, потенцираше Мијаиловиќ.
Жељко Обрадовиќ исто така зема збор и се заблагодари на ситу присутни, тој исто така упати честитки до женската кошаркарска репрезентација и упати благодарност до Остоја за уште една укажана шанса да го води Партизан.
„Прво сакам да им се придружам на сите честитки и да упатам пофални зборови до КСС … им честитам на фантастичниот резултат на српската женска кошаркарска репрезентација. Му благодарам на претседателот Остоја Мијаиловиќ за шансата да се вратам во Партизан. Тоа е нешто што доаѓа одвнатре, навистина сум среќен и горд што повторно сум на чело на Партизан. За време на сите овие години, се обидував да му помогнам на Партизан до одреден степен, и сега сакаме да го вратиме Партизан таму каде што припаѓа. Историјата на овој клуб е неверојатна. Нема клуб во Европа што усеал да земе толку многу трофеи, како и тренери. Можеби само Реал Мадрид може да му парира на Партизан во тој поглед. Од таа причина, оваа одлука беше лесна за мене, ја донесов одлуката некаде минатата недела по разговор со Остоја, ми требаше време да размислам околу два или три часа“, рече Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА