Општина Кисела Вода и Градоначалникот Филип Темелковски продолжуваат со инвестициите во инфраструктурата за спортот, со непосредна соработка со Агенцијата за Млади и Спорт и Владата.
Градоначалникот Темелковски и директорот на АМС, Наумче Мојовски денеска изјврија увид во градежните работи на новите спортски објекти во Кисела Вода. Еден од тие објекти е и новиот базен во Кисела Вода, почеток на изградба на неколку отворени игралишта за кошарка и баскет. Исто така на барање на граѓаните во тек е и постапка за избор на локации за поставување на справи за вежбање на отворено.
„Со овие заеднички инвестиции во соработка со Агенцијата за млади и спорт успеавме да направиме диверзификација на расположливите спортски терени. Планот на општината е да продолжи изградбата и осовременување на спортските терени во сите делови на општината. Овозможување на услови за рекреација и развој на спортскиот дух кај сите граѓани но со особено внимание на најмладите е еден од клучните приоритети и би рекол досега остварени успеси. При изградбата на сите овие објекти финансиски учествува и општината но во секој случај финансиската помош на Агенцијата претставува основен двигател. На средбата разговаравме и за успешниот модел за развој на спортот во Кисела Вода и идната соработка со Агенцијата за млади и спорт“, изјави Градоначалникот на Општина Киела Вода, Филип Темелковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

