Репрезентацијата на Хрватска води со 1-0 против селекцијата на Шпанија, а до оваа предност „коцекстите“ успеаа да дојдат по една аматерска грешка на голманот на Шпанија, Унаи Симон.
Иако Шпанците го диктираа темпото на игра и ја имаа контролата во свои нозе, сепак, едно проигрување до Унаи заврши фатално за „црвената фурија“, голманот на Шпанија не успеа да ја скроти топката, а тоа значеше тресење на мрежата, еуфорија на трибините и водство од 1-0 за Модриќ и компанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА