Германскиот Лудвигсхафен му се заблагодари на македонскиот голман, Мартин Томовски за одличните две години кои ги помина на голот на клубот. Младиот македонски голман се враќа во Македонија каде потпиша договор со Вардар.
Во текстот кој беше објавен на официјалниот сајт на клубот, тие велат дека 23-годишното момче созреало прерасна во одличен голман кој беше меѓу најдобрите сезонава во Бундеслигата. Му посакуваме многу среќа во следниот период од кариерата.
И покрај одличната сезона на Томовски во тимот на Лудвигсхафен, неговиот тим на крајот не успеа да обезбеди опстанок во најсилното ракометно првенство во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА