Фернандињо останува верен на Манчестер Сити

Играчот за врска на Манчестер Сити, Фернандињо го продолжи договорот на уште една година со шампионот на Англија. Тоа значи дека искусниот фудбалер и капитен на клубот ќе ја одигра деветтата сезона на „Етихад“.

Договорот што го имаше Фернандињо истекува утре, тој долго време размислуваше, но на крајот сепак реши да го продолжи престојот во Манчестер.

„Во мојата глава работата во Сити се уште не е завршена. Затоа одлучив да останам уште една година и да му помогнам на тимот да ги оствариме целите на клубот. Мислам дека го можеме тоа. Имаме простор за уште поголем напредок“, вели Фернандињо. 

Фернандињо во Сити дојде во 2013 година од редовите на Шахтјор. Со клубот освои четири титули во Премиер-лигата и шест пехари во Лига купот, а минатата сезона играше и во финалето на Лигата на шампионите каде Сити беше поразен од Челси со 1-0.

Се вчитува...