Шевченко: Ќе победи подобро подготвениот тим во моментов

Селекторот на Украина, Андриј Шевченко зборуваше пред осминафиналната пресметка на ЕП 2020 против Шведска, дуел кој ќе биде одигран вечерва во Глазгов. Според поранешниот напаѓач, нема фаворит или аутсајдер на овој натпревар, а победник ќе биде подобро подготвената екипа во моментот.

Менаџерот на Украина потенцираше дека неговите фудбалери треба да бидат претпазливи и подготвени за секаков исход, но верува дека и овој предизвик може да заврши во нивна полза.

„Ние сме различни тимови, нашите стилови на игра не се исти. Убаво е што ќе имаме поддржувачи на стадионот. Украина има голема дијаспора во Велика Британија. Ќе се обидеме да ги израдуваме со позитивен резултат, но нема да ветувам ништо. Шведскиот тим има јасен стил, тие се добро подготвени, физички се силни и ги користат своите најдобри квалитети. Тие ја заслужуваат нашата целосна почит. Имаат двајца добри напаѓачи кои убаво се движат на теренот. Шведска може да притисне, да се врати назад, да дејствува агресивно. Се подготвуваме за секакви сценарија. Треба да бидеме претпазливи во статични ситуации, да бидеме подобри во дуелите. Очекувам многу тежок натпревар“, изјави Шевченко.

Се вчитува...