Холандија го отпушти селекторот Франк де Бур!

Франк де Бур повеќе не е селектор на холандската репрезентација откако доби отказ од функцијата по слабиот настап на „лалињата“ на ЕВРО 2020. Тој пристигна на функцијата на местото на Роналд Куман, кој го напушти националниот тим за да седне на клупата на Барса, но не продолжи по патот на својот поранешен репрезентативен колега.

Холандија неочекувано беше елиминирана од Чешка уште во осминафиналето од европскиот шампионат, што предизвика нова лавина од реакции од јавноста, пред се околу неговото инсистирање на тактиката 5-3-2 што е сосема несвојствена за холандската репрезентација.

„Повеќе нема да бидам селектор на Холандија. Целта не е исполнета, тоа е повеќе од јасно. Кога прифатив да бидам селектор, за мене тоа беше голема чест, но знаев дека со самото тоа доаѓа и голем притисок. Овој притисок станува се поголем, што не е здраво ниту за мене, ниту за репрезентацијата во пресрет на квалификациите за претстојниот мундијал во Катар“, изјави Де Бур.

Се вчитува...