Легендарниот капитен на Арсенал, Патрик Виеира, е подготвен за камбек во Премиерлигата, овојпат како менаџер на екипата на Кристал Палас.
Виеира ја почна тренерската кариера како дел од проектот на Манчестер Сити, преземајќи го клубот Њујорк Сити кој има ист газда како и англискиот првак, но Французинот не се прослави во МЛС-лигата. Следеше камбек во татковината и работа како шеф на стручниот штаб на Ница, од каде доби отказ во декември 2020 година по серијата од пет порази во низа.
Кристал Палас е во потрага по нов менаџер откако Рој Хоџсон објави дека ја завршува својата тренерска кариера. Лондонскиот клуб беше блиску до договор со Еспирито Санто, потоа и со Лусиен Фавр, но двајцата стратези во последен момент се премислија одбивајќи ја понудата на Палас. Со Виеира начелно се договорени сите детали за тригодишна соработка, па се очекува Французинот во следните 48 часа и официјално да биде промовиран во нов менаџер на лондонскиот премиерлигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА