Кошаркарите на Канада стигнаа до триумф над Грција од 97-91 на квалификацискиот турнир 4 за пласман на ЛОИ во Токио.
Клучната разлика Канаѓаните ја направија во третата четвртина на мечот која ја добија со седум поени разлика. Ендрју Вигинс со 23 поени беше прво име кај победниците, додека еден помалку уфрли РЏ Берет. Кај поразените Константино Митоглу заврши со 14 поени.
Во вториот меч од овие квалификации Турција дури во финишот успеа да го урна отпорот на Уругвај совладувајќи го со 95-86. Охриѓанецот Чеди Осман со 27 поени беше најдобар поединец кај Турците, додека кај Уругвај Грејнџер заврши со два помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА