Елјиф Елмас меѓу десетте највредни среднисти во Серија А

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Елјиф Елмас е еден од највредните играчи за врска во италијанската Серија А. Македонскиот „дијамант“ е во топ 10 на листата највредни фудбалери во Калчолигата и се наоѓа на осмата позиција. Неговата вредност изнесува 17 милиони евра.

На врвот е неговиот соиграч од Наполи, Полјакот, Пјотр Зјелински чија вредност на пазарот изнесува 50 милиони евра, а во топ 3 уште се наоѓаат и Кристијан Ериксен од Интер и Николо Занионо од Рома кои вредат по 40 милиони. Сепак, не се знае што ќе биде со кариерата на Данецот, откако колабираше на натпреварот против Финска на Европското првенство.

Се вчитува...