Репрезентацијата на Мексико стигна до сензационална победа над Русија од 72-64 на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио кој се игра во Сплит. Клучна во натпреварот беше третата четвртина во која Мексиканците одиграа неверојатно во одбраната и на противникот му дозволија само седум поени.
Франциско Круз со 21 поен беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените Антонов заврши со 13 поени.
Доколку Русија во последното коло не слави над Германија, која во првиот меч беше подобра од Мексико, „зборнајата“ која беше заедно со Македонија во квалификациите за Европското првенство дефинитивно ќе отпадне од игра за пласман на ЛОИ.
Paul Stoll. More like Paul Steal 😏
(and what about that no-look pass to assist Pako!) 👀🔥
📺 https://t.co/fttE570KUq#FIBAOQT | @ademeba_oficial 🇲🇽 pic.twitter.com/rNQlq2daUu
— FIBA (@FIBA) June 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА