Поранешниот најдобар тенисер во светот и двократен освојувач на титуалта на Вимблдон, во маратонски меч во пет сета триумираше над Германецот, Оскар Оте со 3-2 (6-3, 4-6, 4-6, 6-4 и 6-2).
Иако имаше негатива од 2-1 во сетови, со помошта на домашната публика, Британецот успеа да стигне до пресврт и да се пласира во 3. коло на Вимблдон. Таму за противник ќе го има младиот Канаѓанец, Денис Шаповалов кој денеска без борба се пласираше во третата рунда, откако мечот му го предаде искусниот Шпанец, Пабло Андухар.
Во третото коло од фаворитите пласман изборија и Андриј Рубљов, Диего Шварцман, Фабио Фоњини и Карен Хачанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА