Атлетико Мадрид го продава Саул Нигуез

Раководството на Атлетико Мадрид одлучи летово да го продаде одличниот среднист, Саул Нигуез пишуваат шанските медиуми. Тој немаше најдобра сезона во дресот на шампионот на Шпанија, а во еден момент го изгуби и статусот првотимец, што значеше и да не биде повикан во репрезентацијата на Шпанија за Европското првенство.

Уште минатата сезона за потписот на Саул беа заинтересирани од Манчестер Јунајтед, па затоа веројатно „црвените-ѓаволи“ повторно ќе тргнат во офанзива. Сепак, покрај тимот од „Олд трафорд“ веројатно во трка за неговиот потпис ќе се приклучат и Челси, Ливерпул и Манчестер Сити.

Бидејќи има договор до 2026 година, откупната клаузула изнесува 150 милиони евра, но веројатно на крајот тимот од „Ванда Метрополитано“ ќе прифати и далеку помалку пари.

Се вчитува...