Енди Мареј, сопственикот на три гранд-слам титули, смета дека англиската фудбалска репрезентација има големи шанси да го освои Европското фудбалско првенство. Британецот долго време го немаше на терените и тоа главно заради здравствени проблеми, но сега конечно се врати на омилениот Вимблдон.
Мареј во едно интервју кажа дека по завршување на неговата тениската кариера сака да стане фудбалски стратег. Па, сега тој даде и своја анализа за тековното Европско првенство, а за главен фаворит ја именуваше Англија.
„Сè им се отвори преку ждрепката. Доколку сега оствари победа Англија, нашите фудбалери ќе се вратат на Вембли, каде ќе се сретнат со Данска или Чешка. Мислам дека секој би прифатил вакво сценарио пред почетокот на шампионатот. Мислам дека Англичаните имаат големи шанси да освојат важно натпреварување по многу, многу години. Го посакувам тоа од дното на моето срце“, рече Мари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА