Официјално: Нацевски и Николовски во Кожув, останува и Пајиќ

Кожув полека го составува тимот кој следната сезона ќе се обиде да ја врати Суперлигашката кошарка во Гевгелија, а денеска беа официјализирани и веќе очекувањите засилувања за „црвено-белите“.

Со тимот продолжува Предраг Пајиќ кој претходната сезона беше еден од најдобрите играчи на Кожув. 28-годишникот на 25 одиграни натпревари бележеше просек од 7.9 поени, 2.5 скока и 1.6 асистенции, но неговото присуство на теренот даваше стабилност во играта на гевгеличани.

Тренерот Павле Николов во следната сезона ќе може да смета и на услигите на Даниел Нацевски и Кирил Николовски. Нацевски претходната сезона настапуваше за Пелистер каде најчесто влегуваше од клупата и бележеше просек од 4.9 поени и 1.7 скока по натпревар. За Нацевески ова воедно е и враќање во редовите на „црвено-белите“, чиј дрес го носеше од 2015 до 2019 година пред преминот во Академија ФМП.

Деби во дресот на Кожув пак ќе има Кирил Николовски кој претходната сезона ги бранеше боите на Работнички, но поради повреда беше принуден порано да ја заврши сезоната. Искусниот центар на 11 одиграни натпревари за „црвено-белите“ бележеше просек од 12.1 поен и 3.7 скока по натпревар, па јасно е дека искуството кое го носи во Кожув ќе биде од огромно значење за тимот од Гевгелија.

Се вчитува...