Херојот Марко со нов подвиг: Пејчиноски плива во чест на големиот светец Свети Наум (ВИДЕО)

Херојот Марко утрово тргна во нов подвиг, а овојпат Пејчиноски реши да ја преплива делницата од градското пристаниште во Охрид до манастирот Свети Наум, кој е лоциран на другиот крај од источното крајбрежје.

По повод празникот Свети Наум, малиот Марко одлучи да плива во чест на големиот светец.

„Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски – за здравје на сите нас“, вака објави тимот што го прати подвигот на Марко.

Инаку, Марко е најмладиот пливач што ја препливал делницата Св. Наум – Охрид. Подвигот го направи во 2018 година кога имаше само 12 години.

 

 

Се вчитува...