Новиот второлигаш Воска Спорт од Охрид кој од следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Запад, повеќе од сериозно се наметнува како еден од главните кандидати за освојување на првото место во второлигашката конкуренција.
Согласно засилувањата низ досегашниот преоден рок веќе е јасно дека Воска Спорт ќе ја игра една од водечките улоги следната сезона на Западот.
Најново засилување на охриѓани е поранешниот фудбалер од средниот ред на Шкендија, Ренова и Гостивар, 30-годишниот Јасир Селмани, кој во кариерата има настапи и за дански Херлев и норвешки Фољо.
Претходно, како што е познато, нов офанзивец на Воска е и Изаир Емини, а веќе се потпишани договори со Енис Дервиши Михајло Јакимоски, Наум Велјаноски, голманот Горан Трајковски, Ардит Демир, Шпенд Асани, Емир Алиу.
Воска Спорт низ настапите во Втората лига – Запад ќе биде предводена од тренерот Раде Цицмиловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА