Мохамед Салах нема да игра за Египет на ЛОИ во Токио

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах не беше вклучен во египетската репрезентација за Олимписките игри во Токио. Напаѓочот на „црвените“ не се најде на списокот со 22 играчи објавен на официјалната веб-страница на Египетскиот фудбалски сојуз.

29-годишниот Салах, најпознатата спортска sвезда во Египет, настапи на Игрите во Лондон 2012 година, постигнувајќи гол на сите три натпревари во групната фаза против Бразил, Нов Зеланд и Белорусија, пред Египет да биде елиминиран по поразот од Јапонија.

Во Токио, Египет е во групата Ц со двократниот шампион Аргентина, со победниците во 1992 година – Шпанија и Австралија. На Олимпијадата учествуваат играчи на возраст под 23 години на фудбалскиот турнир, но на секоја екипа им е дозволено да имаат по тројца играчи над таа возраст.

Се вчитува...