Богдановиќ: Капа долу за сите што играа за репрезентацијата на Србија

Кошаркарот на Атланта и српски репрезентативец Богдан Богдановиќ ги поддржа своите соиграчи од националниот тим по тешкиот пораз што го забележаа од Италија.

„Азурите“ обезбедија пласман на Олимписките игри со победа во среде Белград од 102-95.

„Не беше наш ден, тоа е спортот, тоа им се случува на најдобрите … Капа долу на сите што беа дел од националниот тим и ова лето – Глава горе и да продолжиме понатаму“, рече Богдановиќ, кој штотуку ги заврши своите обврски во НБА лигата.

Атланта беше поразена во финалето на Источната конференција од Милвоки со 4-2 во серија, а во изминатите неколку дена се шпекулираше дека одличниот дефанзивец ќе може да му помогне на националниот тим доколку обезбеди пласман на Олимписките игри, што за жал на српската спортска јавност не се случи.

 

 

 

Се вчитува...