Ниту Грција не успеа да обезбеди пласман на ОИ, Чешка од аутсајдер до сензација во Токио

Кошаркарите на репрезентацијата на Чешка се пласираа на Олимписките игри откако го освоија квалификацискиот турнир во „Викторија“.

На последниот натпревар, Чесите беа подобри од фаворизираната Грција, совладувајќи ја убедливо (97:72) и за првпат во националната историја изборија пласман на Олимписките игри.

Никој не можеше да претпостави дека тимот на Рон Гинзбург може да биде најдобар во конкуренција меѓу Грција и Канада, но тие сето ова го демантираа, ги елиминираа Грците и ќе играат на најголемото спортско шоу во светот.

Чесите се плашеа од елиминација во групната фаза, а потоа и во полуфиналето кога играа продолженија со домаќинот Канада, предводен од Ендру Вигинс, но сето тоа го надминаа.

На крилјата на Патрик Ауд (20 п) и Јан Весели (16 п),Чесите ги оставија Костас Слукас, Ник Калатес и пријателите без можност да патуваат во Токио.

Се вчитува...