Прославениот фудбалер Лука Модриќ ќе мора да се повлече од репрезентацијата, доколку планира да продолжи да го носи дресот на Реал Мадрид. Ова не е првпат мадриѓани да замолат својот фудбалер да ја „напушти“ репрезентацијата, бидејќи слична беше ситуацијата и со Тони Крос.
„Марка“ го пренесува барањето на кралскиот клуб, кој бара од Модриќ да се откаже од репрезентативниот дрес.
„Лука Модриќ дебитираше за Хрватска во 2006 година, кога имаше само 20 години. Денес тој има 35 години и е недопирлив лидер на Балканот, откако успеа до дојде до најголемиот успех во историјата, освојување на светско сребро во 2018-та. Неговата посветеност кон Хрватска е несомнена и целта му беше да престане да игра за националниот тим по СП 2022. Сепак, ситуацијата на Модриќ е специфична. Тој го продолжи договорот со Реал до летото 2022 година, а Светското првенство е половина година подоцна. Големо прашање е што ќе стори Модриќ во тие шест месеци од предвидениот крај на кариерата до Светското првенство, каде што планира да се збогува со Хрватска“, напиша ‘Марка’.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА