Шпанскиот репрезентативец Пабло Сарабија е под голем знак прашалник за настап на утрешното полуфинале на ЕВРО 2020. Сомнеж за негов настап се појави уште по четврфиналето против Швајцарија, откако мораше принудно да биде заменет.
Според шпанскиот весник „Ас“, Сарабија има мала мускулна повреда во препоните што може да биде проблем за настап во вторник. Луис Енрике најверојатно нема да смета на него во стартниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА