Армијата на Шкендија подготвена да се победи Мура (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шампионот Шкендија утре го отвора европското лето за македонски екипи. Против словеначка Мура тетовци во првиот меч од стартното квалификациско коло за Лигата на шампионите во обид да се дојде до победа на домашен терен како за една недела би имале помирен гостински реванш.

Црвено-црните вечерва на арената „Тодор Проески“ го одработија последниот тренинг пред утрешниот натпревар кој стартува од 20 часот. „Армијата“ на Ернест Ѓока подготвена го очекува дуелот верувајќи дека преку Словенија може да се обезбеди следна рунда од квалификациите во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...