Македонските пливачи имаа солиден настап на првиот ден на Јуниорското европско првенство во пливање кое се одржува во главниот град на Италија, Рим. Миа Блажевска Еминова во квалификациите на 100 метри слободно заврши на 36 место од вкупно 74 пливачки со време од 57.73 стотинки. Блажевска Еминова иако имаше одличен настап може да жали бидејќи исплива 60 стотинки послабо од пријавеното време, што значи дека на крајот можеше да обезбеди и подобар пласман.
На 50 метри пеперутка во машка конкуренција, Стефан Цветкоски делницата ја помина за време од 26.51 секунди што на крајот беше доволно за 62. место од вкупно 69 пливачи. Цветкоски патеката од 50 метри ја исплива за 15 стотинки послабо од пријавеното време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА