Пол и Букер ги водеа Санс до водство во финалната серија против Милвоки (ВИДЕО)

Феникс Санс поведе во финалната серија во НБА лигата со 1-0, откако во првиот меч славеа над Милвоки Бакс со 118-105. Санс во текот на целиот меч го контролираа резултатот и рутински успеаја да го привдеат мечот за водство од 1-0.

Крис Пол со 32 и Девин Букер со 27 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените Крис Мидлтон заврши со 29 поени, а Јанис Адетокумбо кој се врати по повредата заврши со 20 поени и 17 скока.

Вториот натпревар од серијата кој исто така ќе се игра во Аризона ќе се игра во ноќта меѓу четврток и петок во три часот по полноќ.

 

Се вчитува...