Италија е првиот финалист на Европското првенство откако во полуфиналето славеше над Шпанија по изведување на пенали.
Иако Италија со игрите на шампионатот и дефинитивно заврши да биде дел од финалниот меч, мала дамка на одличниот турнир остава ситуацијата која се случи во финишот на регуларниот дел од мечот. По една акција на Шпанците, Џорџо Киелини малку и несмасно играше со рака, момент кој главниот судија на мечот Феликс Брих не го досуди како пенал за Шпанија.
Имаше ли елементи да биде покажан удар од белата точка за Шпанија?
Handball or not?! pic.twitter.com/WQZfTGVjG7
— ESPN FC (@ESPNFC) July 6, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА