Селекторот на Англија, Герет Саутгејт изјави дека тој и неговиот тим нема да бидат задоволни само од пласманот во полуфиналето на ЕВРО 2020. Англија вечерва на домашен терен во Лондон против Данска ќе се бори за пласман во големото финале.
Герет потенцираше дека неговиот тим има само една мисија, преку обезбедување на финале да дојдат до титулата шампиони на фудбалското Европско првенство.
„Имаме неверојатна можност. Сега е нашата шанса да влеземе во историјата затоа што никогаш не сме биле во финале на Европско првенство. Ова не треба да биде голем притисок за овој тим, напротив ова е уште еден предизвик што треба да го искористиме на најдобар можен начин. Имавме два натпревари со Данска наесен. Знаев дека Данците имаат добра екипа, вечерва не очекува фантастичен натпревар“, заклчучи Герет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА