Воопшто нема да има публика на ЛОИ во Токио?

Јапонија размислува да забрани присуство на публика на Летните олимписки игри, пренесуваат светските медиуми. Градот домаќин на игрите Токио, во последното деноноќие пријави 920 позитивни случаи што е најмногу од 13. мај.

Медицинските лица веќе неколку недели говорат празни борилишта ќе бидат најдобра опција поради големата загриженост поради ризикот за нов бран на зараза. Организаторите веќе забранија присуство на странски гледачи, а исто така засега останува и тоа дека сите борилишта ќе бидат со 50 отсто од целосниот капацитет.

Јапонија од почетокот на пандемијата забележа преку 800.000 илјади случаи на корона, а животот го загубија 14.800 лица.

Се вчитува...