Макеле ја остави Англија во игра да го врати фудбалот дома (ВИДЕО)

Англија ќе ја предизвика Италија во финалето на Европското првенство, откако во второто полуфинале славеше по продолженија над Данска со 2-1.

Данците поведоа со евроголот на Дамсгард од слободен во 30. минута, додека девет минути подоцна „гордиот албион“ израмни со автоголот на капитенот на Данска, Симон Кјаер.

Во продолжението се случи потегот кој го одбележа мечот, откако по еден продор на Рахим Стерлинг, главниот судија на мечот, Макеле досуди сомнителен пенал, кој по комуникација со ВАР беше и потврден.

Каспер Шмајхел успеа да го одбрани ударот на Хари Кејн од белата точка, но немаше среќа бидејќи топката се одби кај напаѓачот на Англичаните кој вториот пат не погреши.

На неубав начин завршува убавата приказна која ја испиша Данска на овој шампионат, а Макеле ќе остане запишан како човекот кој беше главен виновник за тоа Англичаните се уште да се надеваат дека може да го вратат фудбалот дома.

 

 

Се вчитува...