Русија е во потрага по нов селектор откако денеска му беше врачен отказ на Станислав Черчесов, кој ја водеше националната селекција од 2016 година. Еден од главните кандидати за селектор на руската фудбалска репрезентација е Јоаким Лев, кој ја напушти германската репрезентација по завршувањето на ЕП 2020.
Рускиот фудбалски сојуз започна да бара кандидат за функцијата главен тренер, а на списокот се двајца Руси и пет странци. Парите никогаш не биле проблем за оваа федерација, па Русите се надеваат дека ќе успеат да го убедат Лев веднаш по заминувањето од германскиот национален тим да прифати нов репрезентативен предизвик.
Руската репрезентација не успеа да ја мине групната фаза на Европското првенство. „Зборнаја“ претрпе два убедливи пораза од Белгија и Данска и ја победи Финска со минимален резултат од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА