Дидие Дешамп ќе остане на чело на француската репрезентација и во наредната година по успешните разговори што селекторот ги имаше со претседателот на Француската Фудбалска Федерација, Ноел де Грает.
Фијаското на ЕВРО 2020 со елиминацијата од Швајцарија беше најава за селекторска смена, како наследник беше споменувано името на Зинедин Зидан, но Де Грает сепак реши да му даде шанса на Дешамп во 2022 година во Катар да ја брани светската круна што во 2016 ја освои во Русија.
„Дешамп не си оди, тој ќе биде селектор и на СП во Катар. Договоривме буквално се за само три минути. Дешамп има голема желба да остане, а тоа истовремено беше и моја желба. Немаше никаква расправа, експресно се договоривме тој да остане на чело на репрезентацијата“, изјави Де Грает во интервју за весникот „Фигаро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА