Младинската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години ја забележа и втората победа летово, овојпат над соодветната селекција на Бугарија со резултат 81-70. Како пресудно се покажа фантастичното прво полувреме што Македонија го доби со 46-25, доволно за да се стигне до триумф што уште повеќе ќе ја крене самодовербата кај нашите млади кошаркари.
По тесните (17:14) во првата четвртина, работите се променија, во корист на нашата селекција. До крајот на првото полувреме избраниците на селекторот Тони Симиќ ја одиграа можеби и најдобрата четвртина од почетокот на контролните натпревари, примија само 11, а постигнаа 29 поени, па на одмор заминаа со „плус дваесет и еден“.
Во последниот период, гостите од Бугарија ја преполовија високата негатива. Намалија на (65:76), потоа и на (70:79) кога останаа да се доиграат нецели две минути. Сепак, немаа сили за нешто повеќе, па Македонија заслужено стигна до победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА