Англија е на прагот од испишување на нова историја, оваа фудбалска селекција за првпат ќе игра во едно финале на Европските првенства, па во недела од 21 часот против Италија, „Гордиот Албион“ ќе ја има шансата за освојување на европска титула и воопшто прв голем трофеј после 55 години и мундијалската круна од 1966 година.
По тој повод, Англичаните активираа петиција со цел понеделник да биде неработен ден.
Иако допрва Англија ќе треба да ја освои титулата на теренот, онлајн-петиција веќе е потпишана од над 200.000 луѓе во Велика Британија на Парламентот на оваа земја, со цел да се издејствува неработен ден во понеделник, за навивачите на раат да може цела ноќ да слават, а утредента да ги поздрават хероите во шампионско дефиле низ улиците на престолнината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА