Тебас: Ги преживеавме Роналдо и Нејмар, можеме и без Меси

Првиот човек на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас вели дека верува дека Лионел Меси ќе остане во Барселона иако во моментов е слободен фудбалер. Тој смета дека и доколку се случи Меси да го напушти „Камп ноу“ тој вели дека лигата ќе го преживее и неговото заминување, како што беше претходно и со заминувањата на Нејмар и на Кристијано Роналдо.

„Мислам дека во овој момент е поблиску да остане во Барселона, отколку да замине. Секако, ако замине тоа ќе биде голем удар за нашата лига. Меѓутоа, ние ќе продолжиме да работиме како досега. Го преживеавме заминувањето на Нејмар, го преживеавме заминувањето и на Роналдо. Истото ќе го направиме и доколку Меси замине од Шпанија“, изјави Тебас. 

Лионел Меси во моментов се уште нема потпишано нов договор со Каталонците, но се очекува се тоа да биде официјализирано по завршувањето на Копа Америка, каде Аргентина во финалето ќе игра против големиот ривал Бразил.

Се вчитува...