Ристо Николов кариерата ја продолжува во Швајцарија

Одбојкарскиот репрезентативец на Македонија, Ристо Николов кариерата ќе ја продолжи во швајцарскиот клуб Волеј Нофелс. Николов минатата сезона беше дел од Џио Струмица клуб со кој ја освои двојната титула во домашниот шампионат.

По потписот со швајцарскиот тим Николов сега се насочува кон подготовките со репрезентацијата на Македонија за настапот на Европското првенство во Тампере кое ќе се игра во септември.

Се вчитува...