Тренерот на Ивановски: Повредата не е сериозна…. Задоволни сме од настапот на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски го заврши настапот на јуниорскиот Вимблдон откако во осминафиналето загуби од седмиот носител, Британецот, Џек Пенингтон Џоунс со 2-0 по сетови (7-5 и 6-0).

Тренерот на македонскиот тенисер, Хрватот Иван Цинкуш вели дека за среќа не е сериозна повредата на препоните на која се жалеше во вчерашниот меч и дека целосно гледано е задволен од првиот настап на младиот Ивановски на најголемите тениски турнир во светот.

„Калин и Џоунс одиграа интересен прв сет во кој и двајцата тенисери го држеа својот сервис. Калин имаше и две три шанси да дојде до предност. На 5-4 имаше шанса Калин да го освои сетот. Штета што не успеа, сигурно во друга насока ќе заминеше целиот меч. Вториот сет по првиот брејк Калин падна и ментално, па на 3-0 почувствува и повреда на препоните. За среќа не е ништо страшно и се на се можеме да бидеме задоволни од настапот на Вимблдон“, вели Цинкуш во изјавата за ЕКИПА.

Се вчитува...