СОСТАВИ ЗА ФИНАЛЕТО: Манчини не менува ништо, Саутгејт става акцент на одбраната

Роберто Манчини реши вечерашното финале против Англија да го стартува со истите единаесетмина кои го почнаа и полуфиналниот дуел со Шпанија. Тоа значи дека Киеза повторно ќе добие предност во однос на Берарди, додека Верати се уште е задолжен за организација на играта, оставајќи го Локатели на клупата за резерви.

За разлика од италијанскиот, англискиот селектор Саутгејт се реши за нешто позатворена варијанта, со тројца дефанзивци во линија, но и бековите Трипие и Шо кои ќе имаат нагласени дефанзивни задачи. Целта на „гордиот албион“ ќе биде и да се затвори средината на теренот, па затоа Маунт доби предност во однос на поофанзивниот Сака, како поддршка за Стерлинг и Кејн.

Лоша вест за Англија е повредата на Фил Фоден, поради која младиот ас на Манчестер Сити не би можел да влезе во игра ниту во второто полувреме од ова финале.

СОСТАВИ

АНГЛИЈА: Пикфорд, Трипие, Шо, Вокер, Стоунс, Мегваер, Филипс, Рајс, Маунт, Стерлинг, Кејн.

ИТАЛИЈА: Донарума, Ди Лоренцо, Емерсон, Бонучи, Кјелини, Жоргињо, Верати, Барела, Инсиње, Киеза, Имобиле.

Се вчитува...