ФОТО НА ДЕНОТ: Италијански фудбалски божества

Италија чекаше цели 53 години на втората европска круна откако „аѕурите“ во 1968 година стигнаа до својот прв трофеј на ЕП. Во меѓувреме загубија неколку финалиња, но вечерва го наплатија тој долг, со одлично издание и триумф над Англија.

Пенал-проклетството на Англичаните продолжи, додека италијанските фудбалери предводени од голманот Донарума стигнаа до фантастичниот успех кој ги прави спортски божевства во татковината.

Манчини уште еднаш покажа дека е чудотворец, стратег што знае како да го извлече максимумот од секој играч, но и да склопи моќен колектив што без суперѕвезди во составот ќе успее да ги матира сите противници.

Се вчитува...