Хари Кејн беше одличен во нокаут фазата од ЕВРО 2020, но англискиот голгетер во големото финале остана во сенка на Бонучи и Кјелини, кои целосно го изолираа и не му дозволија да влезе во шанса, камоли посериозно да го загрози голот на Донарума.
Тој беше прецизен во пенал-рулетот, но остана со празни раце откако помладите репрезентативни колеги ги промашија последние три удари од белата точка, по што пехарот замина за Италија.
„Не можевме да дадеме ништо повеќе, го оставивме срцето на терен. Пеналите се ризик, нема полошо чувство на светот од тоа да загубиш важен меч во пенал-рулет. Ова беше фантастичен турни, треба да бидеме горди, да останеме со главите горе. Сигурно ќе боли уште некое време, но да не заборавиме дека Англија играше одлично цело првенство“, изјави Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА