Екипата на Кадино ги стартуваше подготовките за новата сезона во Втората лига – Запад.
Во желбата за максимална стабилност низ новата натпреварувачка сезона, клубот во иднина ќе биде предводен од искусниот македонски стратег Боби Стојковски кој е нов шеф на стручниот штаб.
Минатата сезона Кадино ја заврши на шестата позиција во второлигашката конкуренција. Низ подготвителниот период планирани е одигрување и на серија пријателски натпревари како што поподготвени би го дочекале стартот на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА