Стоперскиот тандем на Јувентус, кој го сочинуваат Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи, беше еден од клучните фактори во походот на италијанската репрезентација за освојување на Европското првенство.
По финалето во кое ја победија Англија по пенал рулетот, Бонучи изјави дека ќе се обиде да го убеди капитенот да продолжи да продолжи со настапи за „Азурите“.
„Ќе го убедам Кјелини да игра во Катар и во 2022 година. Одиме на одмор заедно по шампионатот, така што тој не мора да се грижи, јас ќе го убедам дека треба да игра “, рече 34-годишниот Леонардо Бонучи.
Вакво исто мислење има и голманот на Италија, Донарума.
„Дали Бонучи и Кјелини ќе продолжат да играат? Секако, секако“, изјави голманот Џанлуиџи, најдобриот играч на последното Европско првенство.
На оваа тема проговори и капитенот на Италија, Кјелини, кој даде урнебесен одговор.
„Не знам дали утре ќе можам да пешачам, а камоли дали ќе играм во Катар. Лео и Џиџи ќе играат сигурно“, изјави Кјелини.
Кјелини има 36 години, а овој стопер висок 187 сантиметри од Пиза е играч на Јувентус од Торино од 2005 година. Дебитираше за репрезентацијата на Италија во 2004 година, а досега има одиграно 112 натпревари и постигнато четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА