Емил Рајковиќ седна на клупата на руски Автодор од Саратов

Еден од најдобрите македонски стратези, Емил Рајковиќ потпиша едногодишен договор со рускиот Автодор од Саратов. Клубот е дел од ВТБ лигата што значи дека по одличните партии со казахстанска Астана, Рајковиќ останува дел од ова натпреварување.

Автодор дури четири пати во историјата бил вицешампион на Русија, а покрај ВТБ лигата редовно е дел и од ФИБА Лигата на шампионите и ФИБА Еврокупот. Рајковиќ минатите три сезони беше дел од Астана со која бележеше одлични резултати, а во 2019 година беше избран за најдобар тренер во регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата.

 

Се вчитува...